Црна хроника
Притвор за полицаецот кој прими поткуп од 100 евра за да не пише казна

Против полицискиот службеник кој прими поткуп за да не пише казна поднесена е кривична пријава и одреден му е 30-дневен притвор.
Од МВР информираат дека пријавениот на 24 овој месец во својство на полициски службеник, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, а со намера да прибави противправна имотна корист, побарал и примил поткуп во износ од 6.000 денари, а со цел да не изврши службено дејствие, односно да не му издаде платен налог на оштетениот за наводно сторен прекршок во сообраќајот, иако во рамките на своето службено овластување морал да го изврши. Подоцна истиот ден пријавениот ја примил паричната награда.
Истовремено, отпочната е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежната комисија, а од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж најден починат во домот во Гевгелија

Во куќа во село Селемли, гевгелиско, вчера бил пронајден починат 43-годишен маж.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт, а увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија.
По наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото било предадено на обдукција.
Црна хроника
Пензионерка нападната во Автокоманда по расправија

Р.С.(78) од Скопје пријавила во полицијата дека вчера околу 17.00 часот на подрачјето на Автокоманда била физички нападната од женско лице.
Според пријавеното, на нападот претходна расправија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Пешак се здоби со тешки повреди по удар од автомобил во Гостивар

Возило управувано од 70-годишник удруи во малолетен пешак од селото Речане.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила денес во 11 часот на улицата ЈНА во Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар .
Извршен бил увид.