Црна хроника
Притвор за скопски дилер што бил затекнат со 20 килограми марихуана

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против 43-годишен скопјанец за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Обвинетиот на 21 јануари, во автомобил, на паркинг во Скопје, бил затекнат со 19,98 килограми марихуана спакувана во две најлонски црни вреќи, кои биле наменети за продажба.
„При претрес на автомобилот полициски службеници ја пронашле и одзеле дрогата“, соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот ценејќи дека постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото што му се става на товар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж обвинет за допирање малолетно дете во скопско село

На 13.08.2025 во 18:40 часот во СВР Скопје 43-годишна жена од скопско пријавила дека на 12.08.2025 околу 21:00 часот, С.С., кој живеел во близина на нејзиниот дом, ја бакнувал и ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Teшко повредена жена во сообраќајна несреќа на патот кај Ресен

На 13 август 2025 година, околу 11:10 часот, на крстосницата од магистралниот пат Битола – Ресен, кај местото викано „Макази“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С. (74) од Скопје, и патничко возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.К. (65) од Канада.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од „Хјундаи“-от, С.С. (71) од Скопје, додека со телесни повреди се здобил возачот Ѓ.С. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Битола.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Ресен.
Црна хроника
Шест лица повредени во сообраќајна несреќа во Арачиново, меѓу нив и 3-годишно девојче

Вчера околу 14:20 часот, на улицата 1 во Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Е.А. (23) од Арачиново, и „сеат“ управуван од Б.И. (61) од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од „Сеат“-от, Ч.И. (36) од Арачиново. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатничките од „Фолксваген голф“ – тригодишно девојче, С.А. (20) и З.А. (28), сите од Арачиново. Повредите биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.