Црна хроника
Пријава за ексградоначалникот на Македонска Каменица поради набавки во четири очи
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.М.(44) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Во периодот од 1.1.2017 до 30.5.2017, тој како поранешен градоначалник на општина Македонска Каменица, без да спроведе постапка со барање за прибирање понуди и спротивно на член 28 и член 100 од Законот за јавни набавки, во повеќе наврати без одлука и спроведена постапка за јавна набавка извршил набавка на стоки и услуги во вредност над 500 евра, во денарска противвредност без да овозможи еднаков третман на економските оператори и без да спроведе транспарентна постапка при процесот на набавки на стоки и услуги, извршил и набавка на стоки и услуги од повеќе правни лица во вкупна вредност од 403.996 денари и овозможил тие да се стекнат со некаква корист. Набавките ги вршел без одлука и без да бидат предвидени во годишниот план за јавни набавки, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

