Црна хроника
Пријавени силувања на две малолетнички во Штип и Кочани

Од СВР-Штип, во текот на вчерашниот ден регистрирале два случаја на силувани малолетнички, кои во полиција ги пријавиле роднини на девојчињата.
Првиот случај во штипската полициска станица околу 13.20 часот го пријавила 57-годишна жена, која рекла дека претходниот ден околу 16 часот била извршена обљуба врз нејзината малолетна внука, од страна на лице кое исто така било малолетно.
Како што информираат од МВР, вториот случај во Кочани бил пријавен вчера во 14.30 часот.
„Маж пријавил дека околу 00.30 часот, Х.Н. извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. Се работи на комплетирање на случајот по што против Х.Н. ќе биде поднесена пријава“, се вели во соопштението на СВР-Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Предизвикал пожар: уапсен охриѓанец

Вчера во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.Н.(41) од Охрид, кој се сомничи дека во атар на селото Горно Лакочереј, охридско, предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива.
При преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него, пронашле запалка која била одземена за натамошна постапка.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Тројца насилници со боксови нападнале полицајци во Скопје

Тројца насилници со боксови нападнале полицајци во Скопје кои извршувале службени работи по дојава дека има вооружени лица со автоматски пушки.
Според информациите од Обвинителството, тројцата напаѓачи, заедно со уште едно дете против кое ќе се води соодветна постапка согласно Законот за правда за децата, на 5 август во вечерните часови, на улицата “Босна и Херцеговина” нападнале тројца полициски службеници.
Полицајците постапувале по дојава дека на наведената локација има вооружени лица со автоматски пушки. Се обиделе да ги легитимираат осомничените, но тие одбиле и физички ги нападнале полицајците, удирајќи ги со боксови. Полициските службеници успеале да ги совладаат и ги привеле.
Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, предложи на осомничените да им бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.
Црна хроника
Тешко повреден велосипедист во Струшко

Вчера во 10:40 часот, на регионалниот пат Р2243 во селото Биџево, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со германски национални ознаки, управуван од И.М.(38) од с.Мислодежда, струшко и велосипед управуван од Р.Т.(79) од с.Биџево, струшко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.