Црна хроника
Пронајдена граната во Тетово
Вчера во 13 часот во полицијата било пријавено дека во Тетово на место викано „Кале“ била пронајдена минофрлачка граната од 80 милиметри.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово, а од Дирекцијата за заштита и спасување била безбедно подигната, информираат од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
86-годишен пешак прегазен во Тетовско
Вчера во 15.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Јажинце, во с.Порој, патничко возило „фолксваген туарег“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(35) од с.Џепчиште, удрило во пешакот А.С.(86) од с.Порој.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се судриле мотоцикл и автомобил, мотоциклистот со тешки повреди пренесен на клиника
Вчера околу 18.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од В.Р.(44) од с.Мала Речица, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(50) од с.Милетино, тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Прегазен малолетник на крстосница во Скопје, итно пренесен во болница
Вчера во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Џон Кенеди“, ул.„Цветан Димов“ и бул.„Христијан Тодоровски Карпош“, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(31) од с.Блаце, скопско, удрило во малолетен пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.