Контакт

Македонија

Рачна бомба пронајдена вo шупа во Арачиново

Објавено пред

Рачна бомба oд моделот „Ф1“ од руско производство била пронајдена при претрес во домот на маж од Арачиново.

Од Обвинителството информираа дека претресот се случил на 18 октомври, а бомбата била пронајдена во фиока во плакар, кој се наоѓал во шупата.

„При претрес пронајдена е рачна бомба модел ‘Ф1’ од руско производство со експлозивно полнење од 60 г тротил (ТНТ). Поседувањето ваква експлозивна направа на граѓаните им е забрането со закон“, велат од ОЈО Скопје.

Против лицето поднесено е обвинение за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Истовремено, надлежниот обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетиот бидејќи постојат околности што го оправдуваат стравот дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.​

Македонија

Јанушев: Менување на изборен модел четири месеци пред избори е доказ како Заев шарлатански ја води државата

Објавено пред

Менување на изборниот модел на речиси неполни 2-3 недели пред бирање односно составување на техничка влада којашто треба да ги спроведе изборите, од друга страна на три односно четири месеци неполни пред одржување на парламентарните избори притоа без консензус на најголемите политички субјекти уште еднаш само го покажува вистинското лице на Заев и СДСМ во однос на тоа како шарлатански и хазардерски ја водат оваа држава, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Тој кажа дека неговата партија поднела 600, а не илјада амандмани за Изборниот законик. Јанушев обвини дека власта сака да манипулира со помалите политички партии и дека од поднесените околу 6.000 амандмани од ДУИ  се гледа дека, како што кажа, всушност и внатре во коалицијата не се сите работи онакви какви што се претставуваат пред јавноста.

„И самите препораки од ОБСЕ односно од сите оние кои се надлежни да даваат забелешки и кои учествуваат и ги надгледуваат изборните процеси кажуваат дека измена од ваков тип каде што станува збор за измена на изборниот модел, не препорачуваат истото да се направи најмалку една година  пред одржувањето на изборите. ВМРО-ДПМНЕ како и до сега, а во интерес на граѓаните на Република Македонија не ја затвара вратата, апсолутно сме отворени да седнеме со  сите релевантни политички субјекти да разговараме и да најдеме начин во која насока треба да се движат овие измени по завршување на изборите на 12-ти април. Сега во овој момент сметаме дека е тотално надвор од сите логични норми, надвор од сите пракси кои што ги имаме во целиот модерен и развиен свет, да седиме и сега тоа да го правиме“, вели Јанушев.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Поповска: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите за да се откочи можноста за една изборна единица

Објавено пред

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, една од 17-те иницијатори за законот за една изборна едниница од собраниската прес-сала, рече дека се огорчени и изненадени од големиот број амандмани што ги поднеле ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и ги повика двете партии да ги повлечат амандманите и да седнат на маса заеденички да се договорат за да се донесе законот за една изборна единица.

„Не ни е јасно зошто има толку амандмани бидејќи и со една десетина од бројката би се блокирало неосењето на измените на Изборниот законик. Иако од ДУИ имавме позитивен сигнал и повик за разговор, сепак настапија спротивно, но се надевам дека ќе се надмине овој проблем и дека ќе имаат доблест да ги повлечат амандманите. Затоа, јавно им се обраќаме и на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ да седнеме, да дебатираме и уште еднаш да се договориме за потребата од ова законско решение. Да ве потсетиме дека ние претходно двапати ги повикавме на дебата бидејќи сакавме да имаме консензус, но тие нè игнорираа“, рече Поповска.

На новинарско прашање дали би ги повлекле двата закона за промена на Изборниот законик и отворени листи, Поповска рече дека нема да отстапат од нивната намера:

„За носењето на овие закони договорени бевме со СДСМ уште пред да влеземе во коалиција. Затоа, во никој случај нема да се откажеме и да го повлечеме законот бидејќи ова е предизборно ветување што сме им го дале на граѓаните“, рече Поповска.

Таа додаде дека доколку се деблокираат законите, тие би можеле да се донесат затоа што го имаат потребното мнозинство од 65 пратенци.

Прикажи повеќе...

Македонија

Студентите на медицина бараат бесплатна вакцинација против хепатитис Б

Објавено пред

Здружението на студентите на медицина – ЗСМ до Министерството за здравство достави петиција со кое бара бесплатна вакцинација на сите студенти на медицина против вирусот хепатитис Б.

„Како студенти на медицина секојдневно сме во контакт со разни видови инфективен материјал, присуствуваме на интервенции на пациенти чија историја е непозната. Ризикот за ова заболување е еднаков како за студентите така и за другите здравствени работници. Програмата за имунизација на населението јасно укажува на заложбите на Владата на РСМ, како и на Министерството за здравство, за бесплатно вакцинирање на студентите со оваа вакцина. Ваквиот ризик директно влијае и на квалитетот на наставата. Невакцинирањето на студентите на медицина што слушаат клинички предмети е на штета на практичната настава, која се одвива на медицинските факулетети во државата, поради стравот на студентите за земање активно учество“, велат од Здружението.

Петицијата е поддржана од Европската медицинска студентска асоцијација – ЕМСА Македонија, Македонската медицинска студентска асоцијација – ММСА и Факултетското студентско собрание на Медицинскиот факултет – Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Поповска: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите за да се откочи можноста за една изборна единица

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, една од 17-те иницијатори за законот за една изборна едниница од собраниската прес-сала, рече дека...

Македонија4 часа

Пендаровски за „Шпигел“: Стравуваме дека ќе станеме втора Турција

Макрон ми рече дека помалку станува збор за нас, а повеќе за ЕУ, на која ѝ треба време за реформа на...

Македонија4 часа

Фросина Ременски врши увид во доказите за Меѓународниот сојуз

Пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски, пристигна во Обвинителството за организиран криминал и корупција за да направи...

Македонија4 часа

Илија Димовски бара одлагање на „Талир“, две поротнички имаат по 60 години

Обвинетиот Илија Димивски во предметот „Талир“ на почетокот на судењето рече дека две од поротничките навршувале 60 години старост и...

Свет6 часа

Американскиот Сенат одобри резолуција, убиствата на Турците врз Ерменците ги призна за геноцид

Американскиот Сенат денеска одобри резолуција со која убиствата на Ерменците извршени од османлиските Турци пред повеќе од еден век ги...

Свет6 часа

Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера....

Свет6 часа

Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели,...

Македонија17 часа

Заев: За да имаме рамноправна држава, мораме да го примениме моделот на една изборна единица

За да имаме рамноправна и демократска држава, во која сите ќе добијат подеднакво, мораме да го промениме законот и да...

Свет18 часа

Џон Саливен именуван за нов амбасадор на САД во Русија

Нов американски амбасадор во Русија ќе биде Џон Саливен, актуелен заменик на американскиот државен секретар. За него гласале 70 сенатори,...

Свет18 часа

Уапсени неколкумина осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет

Украинската полиција уапси неколку лица кои се осомничени за убиството на новинарот Павел Шеремет во 2016 година, но сè уште...

Европа19 часа

Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска...

Свет19 часа

Русија нареди депортирање на вработени во американски универзитет

Судот во Русија нареди депортирање на пет лица вработени на Универзитетот во Бафало во САД поради прекршување на условите за...

Спорт20 часа

Тројца шпански фудбалери добија по 38 години затвор за силување на 15-годишно девојче

Фудбалерите на шпанскиот третолигаш Арандина, Раул Калво (21 година), Карлос Квадрадо (26 години) и Виктор Родригез (24 години) добија по...

Економија23 часа

Возилата кои помалку загадуваат ќе се увезуваат по помали давачки

Доколку возилото помалку загадува, ќе се плаќа понизок данок за увоз. Предлог-законот за данок на моторни возила е во собраниска...

Европа23 часа

Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го...

Македонија24 часа

(Видео) Костадинов: Апелирам амандманите да се повлечат, со дебата да го смениме изборниот модел

СДСМ апелира амандманите што ги поднесе ДУИ да се повлечат. „Да влеземе во суштинска дебата и, конечно, да го промениме...

Македонија1 ден

Максим Ацевски едногласно избран за нов државен ревизор

Пратениците едногласно со 81 глас го изгласаа Максим Ацевски за нов државен ревизор. Пратениците изборот го поздравија со аплауз, а...

Македонија1 ден

Обвинителството проверува дали самоубиството на 13-годишното девојче од Гостивар е поврзано со секта

Основното јавно обвинителство Гостивар постапува за утврдување на причините за смртта на 13-годишно девојче од Гостивар, чие безживотно тело беше...

Македонија1 ден

Талевски: Само сакавме да ги намалиме цените на превозот за ученици

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на својот адвокат Димитар Дангов за...

Македонија1 ден

СДСМ смета дека нема пречка за една изборна единица на изборите во април

Доцна синоќа раководството на СДСМ го усогласило ставот дека се подготвени за една изборна единица на претстојните предвремени парламентарни избори...

Досие