Црна хроника
Се судрија автомобил и автобус вo Ѓорче Петров

Вчера напладне на улицата Новоселски пат се случи сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и автобус, пришто сопатничката од автомобилот се здоби со тешки повреди.
„Во несреќата учествувале патничко возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(72) од Скопје и автобус „евробус“, со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(35) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото П.С.(71) од Скопје, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’“, соопшти МВР.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ранет 40-годишен маж во пукање во Чаир

Во пукање во Чаир повреден е 40-годишен маж.
Според информациите, тој ноќеска бил донесен во приватна болница со повреда од огнено оружје.
„На 08.06.2023 во 02.12 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен В.А.(40) од Скопје. По преземени мерки било утврдено дека на ул.„Крсте Асенов“ во населба Чаир едно лице од пиштол пукало кон В.А.. На местото биле пронајдени две чаури. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“ соопшти МВР.
Црна хроника
Жена нападнала маж во стан во Охрид, а потоа искршила и дел од покуќнината

Синоќа, во 21.50 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во стан на улицата Славеј Планина во Охрид, М. М. физички го нападнала М. К. (42), двајцата од Скопје.
Според полицијата, таа потоа оштетила дел од покуќнината.
По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
Црна хроника
Ја злоупотребила службената положба, кривична против директорка на градинка во Штип

СВР Штип до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н. М. (39) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето и попречување на правдата.
Пријавената, во својство на вршител на должност директор на општинската јавна установа – Детска градинка во Штип, на 22.12.2022, по спроведена постапка за јавна набавка на детски реквизити и монтажа на детски реквизити, иако доставата и монтажата не биле завршени, извршила исплата на економскиот оператор, со што предизвикала штета на буџетот на Република Северна Македонија за сума од 2.593.601 денар.