Црна хроника
Силување, снимање и уцена: Обвинителството поднесе обвинение против едно лице
Обвинителството поднесе обвинение против едно лице поради полов напад и силувањe и уцена.
На 3 декември обвинетиот, спротивно на јасно изразена волја и со примена на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз нејзиниот живот и тело, извршил друго полово дејствије врз една оштетена. Ја принудил да влезе во изнајмен апартман, каде сакал да ја присили на сексуални односи. И се заканил со нож дека ќе ја заколе, па и нанел и повреди со ножот на левата нога и слабината. Се јавувал кај неговата сопруга и кај други лица на кои им кажувал дека ќе ја заколе оштетената, држејќи го ножот под нејзиното грло, а потоа и наредил и ја принудил жртвата на други полови дејствија.
Целиот настан го снимил со мобилниот телефон. Два дена подоцна, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, телефонски и се заканил на жената дека видео клипот на кој таа го задоволува ќе го објави на социјалните мрежи и на нејзини пријатели доколку не му даде 2.500 евра. Жртвата пријавила и следниот ден било организирано примопредавање на обележани банкноти. Веднаш откако му ги предала парите, обвинетиот бил уапсен.
Бидејќи се уште постои опасноста од бегство и можноста обвинетиот да го повтори делото, јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

