Контакт

Црна хроника

Синот на пратеникот на ДУИ, Џевад Адеми, ранет на свадбена прослава

Објавено пред

Синот на пратеникот на владејачката ДУИ, Џевад Адеми, и уште едно лице се повредени на свадбена прослава во Мала Речица, Тетово. Тие биле ранети од залутан куршум. Поради сериозноста на повредите, тие биле однесени во Клиничкиот центар во Скопје на клиниката за торакална хирургија.

Од МВР информираат дека повредените се на возраст од 26 и 27 години. На лице место увид извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

„Семејните веселби не се прават за таму некој да се однесува неоодговорно и да употребува огнено оружје. Не можам да го разберам тој начин на веселба со огнено оружје. Се знае кога и во кои услови се користи огнено оружје“, рече Спасовски.


©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Приведен кумановец баран со потерница за издржување затворска казна

Објавено пред

Полициски службеници од СВР Kуманово денеска во 11:00 часот го привеле И.Р. (28) од с.Романовце, Куманово, кој се барал со наредба од Основен суд Куманово за издржување казна затвор во траење од четири години за извршено кривично дело по чл.236 од КЗ на Република Северна Македонија.

Лицето е спроведено во КПД Идризово.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Приведен крадец од Чаир

Објавено пред

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Чаир го приведоа Ш.А. (37) поради тешка кражба.

Полицијата од него одзеде автомобил „цитроен“, кој Ш.А. го употребил при извршување на кривичното дело.

Од МВР велат дека расчистени се три кривични дела тешка кражба, што ги извршил Ш.А. и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Уапсени двајца жители на Кочани осомничени за 11 кражби од базни станици

Објавено пред

Полицијата уапси двајца жители на Кочани кои се осомничени дека извршиле 11 тешки кражби.

Полицијата вчера извршила претрес во домот на Д.А. (19) од Кочани, кој ден претходно бил приведен заедно со М.К.(23) од Кочани, откако биле затекнати во вршење на тешка кражба од репетитор – базна станица на телекомуникациски оператор.

При извршениот претрес биле пронајдени и одземени 32 предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“ од базни станици.

Поради основи на сомнение дека се извршители на овие кривични дела, против Д.А. и М.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија2 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија2 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа3 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија3 часа

Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија3 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа4 часа

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија5 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија5 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет5 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет6 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет6 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија20 часа

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет20 часа

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија22 часа

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија24 часа

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија24 часа

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет1 ден

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодишниот...

Топ1 ден

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Досие