Црна хроника
Скопјанец со автомобил удрил во бетонски ѕид и билборд, тешко повреден малолетник

Вчера околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(32) од Скопје, удрило во рекламно пано и бетонски ѕид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник во возилото, додека со телесни повреди се здобиле возачот, уште еден малолетен сопатник и сопатникот С.С.(25), сите од Скопје, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител возачот А.К. бил лишен од слобода и против него ќе биде поднесена пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Двајца мотоциклисти тешко повредени во сообраќајки во Велес и Охрид

Двајца мотоциклисти се здобиле со тешки телесни повреди во одделни сообраќајни несреќи кои се случиле во понеделникот во Велес и Охрид.
Првата несреќа се случила околу 17:25 часот во Велес, на крстосницата меѓу улиците „Методија Андонов Ченто“ и „Борис Трајковски“, кога патничко возило „мерцедес“, управувано од 60-годишен возач од Велес, удрило во мопед „томос“ со кој управувал 80-годишен мотоциклист, исто така од Велес. Тој се здобил со тешки повреди и е пренесен во Општата болница Велес.
Втората несреќа се случила нешто пред полноќ, во 23:10 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид. Судриле патничко возило „пежо“, управувано од 32-годишен маж од охридското село Куратица, и мопед „дерби“ со кој управувал 22-годишен охриѓанец. Мотоциклистот е префрлен во Специјалната болница „Св. Еразмо“ со тешки повреди.
Во двата случаи, по наредба на јавен обвинител, бил извршен увид.
Црна хроника
Mлада девојка со автомобил удри во пензионер во Прилеп

Вчера на улицата Нада Циривири во Прилеп, патничко возило ‘опел’ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Е.И. од Прилеп, удрило во пешакот М.Ѓ.(81).
Во несреќата, пешакот М.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Штипјанка нашла рачна бомба додека го чистела станот на починатиот татко

Жителка на Штип при чистење на станот на својот починат татко вчера попладне пронашла рачна бомба и веднаш пријавила во полиција.
На терен излегол пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој безбедно ја отстранил бомбата.
За инцидентот бил известен и јавен обвинител.