Црна хроника
Скопјанец со автомобил удрил во полицаец кај Бит Пазар

Дваесет и четиригодишен скопјанец со автомобил удрил во полицаец кај Бит Пазар.
Според информациите на МВР, вчера на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници го привеле М.Б.(24) од Скопје, затоа што не почитувал дадена наредба и со автомобил „мерцедес“ удрил полициски службеник.
Тој бил приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведено лице, барано со централна потерница, осудено на 12 години затворска казна

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода Е.К.(29) од Дебар.
Тој бил осуден на 12 години казна затвор за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик, а бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување три години и 11 месеци од казната.
Лицето ќе биде предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.
Црна хроника
Расчистени пет тешки кражби во Битола, пронајдените украдени предмети вратени на сопствениците

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршиле службен разговор со Б.В.(23) од Битола.
Тој се сомничи дека извршил пет тешки кражби, при што од куќи, објект и возило, на подрачјето на Битола, одзел повеќе предмети.
Во разговорот во полициска станица Б.В. ги признал делата, а дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците.
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Истрага за пет лица, кои сексуално злоупотребувале малолетничка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава на Националната единица за сузбивање шверц на мигранти и трговија со луѓе при МВР, во текот на вчерашниот ден донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица од Велес и едно лице од Тетово. Врз основа на прибраните докази постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело трговија со дете, предвидено и казниво по член 418-г од Кривичниот законик.
Првоосомничениот, дваесет и петгодишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закана над детето – жртва им овозможил на другите осомничени и на други лица да вршат полови дејства со жртвата на трговија со луѓе по пат на сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Тој во декември 2021 година преку апликацијата „Инстаграм“ остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче – жртва на трговија со луѓе и по неколкунеделна континуирана комуникација преку апликацијата, кога стекнал доверба кај жртвата, ја довел во заблуда дека ќе почнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал, што првоосомничениот го користел како закана за да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи му се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе ѝ наштети на нејзината чест и углед.
На овој начин првоосомничениот го принудувал детето – жртва во повеќе наврати да оди во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите присуствувале осомничени и други машки лица, кои првин зеле наркотична дрога и алкохолни пијалаци, па во таква состојба вршеле полови дејства врз детето жртва и користеле сексуални услуги иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе.
Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот од опасност од бегство, дека ќе ги скријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, на предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка со решение определи мерката притвор за четворица осомничени и мерка куќен притвор за еден од осомничените.
За ова кривично дело предвидена е казна затвор од најмалку осум години.