Црна хроника
Скопјанка крадела пари со измами дека е медицинска сестра, попишувач или дека ѝ требаат за лекови

Скопското основно јавно обвинителство поведе постапка против 35-годишна жена осомничена за шест тешки кражби.
Осомничената, на 3 септември, на автобуска постојка кај пазарот во населбата Ченто, се доближила до една оштетена и по краток разговор со неа, искористила момент на невнимание и ѝ ја одзела торбата во која имало паричник со картичка и пари, како и еден дуксер, во вкупна вредност од 6.000 денари.
На 8 септември, пријавената дошла во куќа на улица Кавадарска во Скопје, на сопственикот му се претставила како медицинска сестра која дошла да го прегледа и да му стави облоги на нозете. Додека тој се подготвувал за преглед, таа од домот украла паричник со 16.000 денари.
На 9 и 10 септември, пак, влегла во два дома, претставувајќи се како попишувач од пописна комисија. На сопствениците им барала сертификат за вакцинација и додека тие го барале сертификатот, им ги одзела паричниците во кои имало банкарски картички.
Во куќата на друга оштетена, на 14 септември, осомничената се претставила како внука на сосетката, па искористувајќи момент кога сопственичката на кратко ја напуштила просторијата, одзела паричник со околу 3.000 денари.
На 21 септември осомничената се доближила до една оштетена пред аптека во Сингелиќ, ја замолила да ѝ даде пари за лекови, па и го грабнала паричникот, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 3.000 денари.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничената, бидејќи постои опасност таа се да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против 22-годишен скопјанец: полицијата пронашла кокаин, марихуана, пиштол и куршуми во неговиот дом

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишниот А.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.
Црна хроника
Малолетници од Куманово истепани од нивни соученици

Вчера во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во кругот на Затвор Скопје пронајдени две кесички со марихуана

Денеска околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.