Црна хроника
Сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Ресен, сообраќајот се пренасочува
Од 17.30 часот, поради сообраќајна незгода на патот Прилеп – Ресен, поточно од бензиската пумпа „Лукоил“ до клучката „Братиндол“, сообраќајот се пренасочува.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се судрија возило „ пасат“ и мотоцикл: мотоциклистот од Кавадарци тешко повреден
Синоќа во 20.45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосницата од улиците „Индустриска“ и „Маршал Тито“ во Неготино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“ со винички регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Виница и мотоцикл „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од А.К.(54) од Кавадарци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Кавадарци.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино.
Топ
Загина кумановец: со мотоцикл излетал од патот
Вчера во 16.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во која Д.С.. (40) од Куманово управувајќи мотоцикл „кавасаки” со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Од страна на доктор од Итна медицинска помош Битола кај возачот е констатирана смрт на местото на настанот.
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител.
Црна хроника
Приведен бегалец од затвор: бил баран со потерница за доиздржување на над четири години казна
Денеска во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен С.Б. (30) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР, а по наредба од КПУ Идризово поради бегство од затворот.
С.Б. е осуден на казна затвор од седум години и шест месеци поради сторено кривично дело по член 215 ст. 1 од КЗ, а за доиздржување има четири години, три месеци и 12 дена.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, соопшти полицијата.