Црна хроника
Сообраќајка помеѓу мотоцикл и патничко возило во Скопје, мотоциклистот е тешко повреден

Вчера во 17.10 часот на ул.„Борис Трајковски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од С.М.(47) од Скопје и мотоцикл „кавасаки“, управуван од М.Н.(23) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.
Во несреќата М.Н. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајдено оружје при претрес во Ласкарци

Денеска во с.Ласкарци, скопско, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода С.Б.(34) од с.Ласкарци.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една пушка- карабин и повеќе куршуми за него и една ловечка пушка.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Со пиштол го застрелал кучето на соседот

Вчера во 08.25 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на ул.„Малешевска“, К.В.(67) од Скопје испукал два куршуми од пиштол и повредил куче, сопственост на негов сосед, кое било во неговиот двор.
Според пријавеното, претходно К.В. пријавил дека неговиот сосед ги чува кучињата без надзор.
Полициски службеници излегле на местото и од К.В. бил одземен пиштолот, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија надлежните.
Топ
Патнички воз удрил во автомобил кај Прилеп

Вчера во 17.40 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека непосредно до железничко стојалиште „Тројкрсти“ – Прилеп се случила железничка незгода помеѓу патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Битола и патничко возило „опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Б.(48) од Прилеп.
Во незгодата, како што информира полицијата, со повреди се здобил возачот и совозачот Д.Б.(75) од Прилеп, но одбиле да им биде укажана помош.
Жезничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 19.00 часот, а увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп, соопшти полицијата.