Црна хроника
Сообраќајна незгода на магистралниот пат Градско – Прилеп, четворица повредени
Вчера во 06.50 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, пред авто сервис во Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко комбе „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот В.С. од село Кравари, битолско, и автобус „темса“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од 31-годишниот Т.О. од Кавадарци, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.П. (63), а 60-годишната Л.К., Д.П.(70) и М.А.(49), сите од Битола, патници во комбето, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци“, соопшти МВР.
По насоки на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

