Црна хроника
Со секира и тупаници претепани маж и жена од Скопје
Синоќа на улицата 376 во Скопје 31-годишниот А.И. и неговата 29-годишна сопруга С.И. од Скопје биле физички нападнати од татко и син, исто така од Скопје.
Во нападот синот напаѓач со секира го удрил во левата рака А.И, а С.И. ја удирале со раката во пределот на лицето и лакотот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
71-годишна жена е хоспитализирана откако jа нападнале две лица
Денеска од Градската општа болница „8. Септември“ било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош дошла 71-годишна жена од Скопје.
Според пријавеното во МВР, таа се здобила со повреди вчера околу 20.30 часот при физички напад од лицата Ф.Г. и М.Н..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена нападната од сопругот во Ѓорче Петров
Триесет и четиригодишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг М.П.(28) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.