Црна хроника
Со специјалци уапсен тетовец баран со меѓународна потерница

Попладнево, околу 15 часот, на тетовската улица Страшо Пинџур била спроведена полициска акција во која со асистенција на Единицата за специјални задачи бул приведен 43-годишниот Г. Е. од Тетово.
Како што информираат од МВР, тој бил баран со меѓународна потерница од 2008 година од Основниот суд Тетово за издржување затворска казна од 6 години и 5 месеци.
Според информациите од полицијата, на тетовецот му е одредена затворска казна за сторено убиство, односно во врска со член 123 ст. 1 од КЗ на РСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Казнети 202 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, 19 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 22 за користење мобилен телефон. Изречени се седум санкции за непочитување на брзината на движење, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 58 мерки за непрописно паркирани возила и 20 санкции за неносење заштитна маска.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.
Црна хроника
Казнети 358 лица за неносење маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија во однос на мерката за носење лична заштита на лицето регистрирани се 358 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Црна хроника
Вработена во МЕПСО го оштетила буџетот на компанијата за над 360.000 евра

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против К. Г. во својство на член на Управниот одбор на АД МЕПСО во периодот од 24.6.2009 до 17.2.2016 година и одговорен проект-менаџер за имплементација на компјутеризиран деловен информациски систем за несовесно работење, со што ја оштетила компанијата за над 360.000 евра.
„Пријавената К. Г., во својство на одговорен проект-менаџер за Пакет 14 – Набавка и имплементација на компјутеризиран деловен информациски систем (БИС), финансиран од заемот на Светската банка – ECSSE APL – 3 Macedonian project, во 2016 година несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности на начин што потпишала и потврдила прием и имплементација и овозможила плаќање на бизнис-информациски систем, набавен од конзорциумот ‘Кинг ИЦТ’ ДООЕЛ Скопје и ‘Кинг ИЦТ’ ДООЕЛ Загреб иако испорачаниот систем не бил функционален, односно не бил изработен во согласност со техничките спецификации, одделни модули давале погрешни податоци и извештаи, договорените и платени продукциски лиценци никогаш не биле инсталирани ниту, пак, во гарантниот период презела соодветни мерки и дејства со кои би се исправиле сите недостатоци и купениот софтвер би се интегрирал целосно во согласност со договорените спецификации и на тој начин го оштетила буџетот на АД МЕПСО за износ од 22.215.675,00 денари“, соопшти Управата за финансиска полиција.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот