Црна хроника
Тепачка во Психијатриската болница во Бардовци – едно лице усмртено со стаклено шише
Едно лице загина во тепачка што се случила во Психијатриската болница во Бардовци помеѓу двајца осуденици.
Според информациите на МВР, синоќа во полиција е пријавено дека околу 00:50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопјe“ во Бардовци, во просторијата на судското одделение, се случила физичка пресметка помеѓу осудените Д.С. (35) од Неготино и И.Т. (62) од село Љубанци, Скопско.
Во исто време, од удар со стаклено шише И.С. паднал во бесвест, откако бил префрлен во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал во 02:20 часот.
Лекарот констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на сторителот е предадено на обдукција. Д.С. е задржан во просторијата каде што се случил инцидентот.
Имено, Д.С. е осудено лице за кривично дело „убиство“, додека И.Т. е осудено за кривично дело „семејно насилство“.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен извештај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

