Контакт

Црна хроника

Тепачка во соблекувалната на Градскиот стадион во Виница, нападнат фудбалер на „Карбинци“

Објавено пред

Две лица физички нападнале фудбалер од клубот „Карбинци“ во соблекувалната на Градскиот стадион во Виница.

dobivaj vesti na viber

Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против Д.М.(44) и Н.К.(40), двајцата од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 04 јуни во соблекувална на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Слога“ од Виница и ОФК „Карбинци“, пријавените физички го нападнале М.Д., фудбалер на екипата на ОФК „Карбинци“.

Црна хроника

Приведен кавадарчанец кој возел со речиси 3 промили алкохол и предизвикал сообраќајка

Објавено пред

Полициски службеници го приведоа 29-годишниот Р.С. од Кавадарци, откако на улицата 7 Септември во градот управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил на 21 јули околу 21:15 часот, кога Р.С. со своето патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки учествувал во судир со друго патничко возило „пежо“, управувано од 31-годишниот Б.К., исто така од Кавадарци.

При извршен алкотест, кај Р.С. биле измерени 2,92 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил приведен и задржан во полициска станица.

За случајот е известен јавен обвинител.

Прикажи повеќе...

Топ

Македонец почина на плажа во Драч

Објавено пред

Турист од Македонија почина вчера на плажа во Драч, Албанија.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил вчера, околу 19:00 часот, во близина на Каваја. 66-годишниот маж Ш.А., жител на Македонија, најверојатно доживеал срцев удар откако влегол во морето и како последица на тоа го загубил животот, објавија албанските медиуми.

Албанската полиција отвори истрага за случајот, а телото на починатиот е предадено на судска медицина.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тројца повредени во сообраќајна несреќа меѓу три возила: едното влечело „пинцгауер“, сопственост на ДЗС

Објавено пред

Вчера во СВР Велес е пријавено дека околу 23.00 часот, на регионалниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(66) од Велес, патничко возило „лада“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(31) од село Башино Село, велешко, и патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.М.(31) од Велес, кое влечело возило „пинцгауер“, сопственост на Дирекција за заштита и спасување.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата  со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „тојота“ и неговата 64-годишна сопатничка К.И. од Велес, а со телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Општа болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Македонец почина на плажа во Драч

Турист од Македонија почина вчера на плажа во Драч, Албанија. Инцидентот се случил вчера, околу 19:00 часот, во близина на...

Македонија1 час

Бронзен медал за македонскиот тим на Европската олимпијада во информатика

Македонските ученички – информатичарки трета година по ред се оние коишто го успешно ја претставуваат Македонија на меѓународните олимпијади по...

Македонија1 час

Стабилизирана состојбата со пожарот во Преспа, но природата претрпе голема штета

Пожарот што го зафати Езерани во Преспа е ставен под контрола, информира Македонското еколошко друштво. Според нив, ноќта била релативно...

Македонија2 часа

Шест пожари сè уште активни, 38 интервенции на отворено во изминатoто деноноќие

Во изминатите 24 часа, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал вкупно 38 пожари на отворен простор низ земјата. Од...

Европа3 часа

Утре почнуваат нови преговори меѓу Украина и Русија

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија е планирана за среда во Турција, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитирајќи...

Македонија3 часа

„Влен“: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

„За само четири години како министер, Бујар Османи трчаше 11 пати на средби во Белград, а ниту еднаш во Приштина....

Свет4 часа

(Видео) Расте бројот на жртви во падот на воен авион во Бангладеш: причина за несреќата е механички дефект

Најмалку 27 лица загинаа откако авион за обука на воздухопловните сили на Бангладеш се урна вчера во универзитетски и училишен...

Свет5 часа

(Видео) Синот на Бајден: Апчињата за спиење се виновни за дебаклот на дебатата за Трамп

Хантер Бајден во ново интервју изјави дека неговиот татко, поранешниот американски претседател Џо Бајден, земал апче за спиење пред неговата...

Европа5 часа

(Видео) Автобус со рудари излета во 25-метарска провалија во Русија: 13 мртви, 20 повредени

13 лица загинаа, а 20 се повредени откако автобус што превезувал рудари паднал во провалија во далечната источна руска република...

Македонија5 часа

Зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. АМСМ известува дека денеска во време од 08:00–16:00 часот ќе биде...

Македонија6 часа

Претежно сончево и многу топло, максималната температура до 42 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен...

Македонија15 часа

ДУИ ги соопшти имињата за градоначалници и во Тетово и Желино, за Гостивар ќе чека предлог од Таравари, а за Струга од Села

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, свика редовна седница на Централното претседателство на партијата, на која беа...

Македонија16 часа

Бујар Османи ја објави кандидатурата за градоначалник на Чаир: „Не се работи за функција“

Бујар Османи од Демократската унија за интеграција (ДУИ) денес официјално ја објави својата кандидатура за градоначалник на општина Чаир. Одлуката,...

Македонија16 часа

Стабилизирана ситуацијата со пожарот кај Преспа, продолжува гаснењето во прилепско

Пожарот што избувна во близина на Преспанското Езеро е ставен под целосна контрола, информира директорот на Дирекцијата за заштита и...

Економија20 часа

Мицкоски предлага пет различни потрошувачки кошнички: Не се исти потребите на еден пар пензионери и на еден млад брачен пар

На првата седница Економско-социјалниот совет во кој ќе членуваат претставници на сите синдикати, ќе се разгледува нов начин на пресметување...

Македонија23 часа

(Видео) „Во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут, СДС и Каја губат во првиот круг“, вели Манасиевски

„СДС И Каја Шукова губат во прв круг, во мандатот на Шукова во МЖСПП бевме труени со отровен мазут. Кој...

Македонија23 часа

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже – „гласав за банките, а не за народот”

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, повторно, по трет пат ќе ги поднесе измените...

Топ24 часа

Две скопјанки се истепаа во автокамп на Охридското Езеро, подоцна се вклучило уште едно лице

Вчера во 20:54 часот, во авто-камп лоциран на Охридското езеро, 31-годишната К.Д. физички ја нападнала 45-годишната Е.Р.А., двете од Скопје...

Топ1 ден

Маж од Србија пронајден мртов на охридското крајбрежје

Вчера во 19.41 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, има починато...

Економија1 ден

Пониски цени на бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...