Црна хроника
Тројца уапсени во Тетовско, организирале борба со кучиња

Вчера во 16.00 часот во село Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода 18-годишниот А.М. од село Горно Палчиште, 50-годишниот С.У. од село Долно Палчиште и 43-годишниот Ј.И. од прилепското село Дебреште, постапувајќи по претходна пријава дека организирале борба со кучиња.
За настанот биле известени јавен обвинител и Агенција за храна и ветеринарство, кои излегле на местото и кои ги преземале кучињата за понатамошна постапка. Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Прилепчанец претепал медицинска сестра

СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.Т.(43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 01.02.2025 во Итната медицинска помош во Прилеп, пријавениот нападнал медицинска сестра додека му пружала помош.
Црна хроника
Лекар во болницата во Штип нападнал копега во операциона сала

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.Ш.(65) од Штип.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење на здравствена дејност“.
Имено, на 05.02.2025, пријавениот, лекар во Клиничка болница Штип, влегол во една од салите за операција каде се изведувала операција и се обидел да го земе апаратот за анестезија, при што физички нападнал негов колега кој ја вршел интервенцијата.
Црна хроника
Тетовка нарачала мебел и оставила капар: не ја добила ниту нарачката ниту парите

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(29) од Тетово.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама.
Во текот на 2024, жена од Тетово нарачала мебел кај пријавениот во вредност од 5.000 евра, при што оставила и капар од 1.400 евра. Но, пријавениот не ја испорачал нарачката и не ги вратил парите.