Црна хроника
Уапсени малолетници кои извршиле две кражби во Тетовско

Тетовската полиција расчисти две кражби, кои на први и трети месецов во возило на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка и во објект на тетовската улица Илинденска ги извршиле двајца малолетници.
Како што информираат од МВР, осомничени дека ги извршиле овие кражби се 17-годишник од тетовското село Озормиште и 15-годишник од Тетово.
Двете лица се приведени во полициската станица во Тетово, а одземените парични средства и предмети се пронајдени и вратени им се на нивните сопственици.
По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешка сообраќајка кај Ресен: автомобил излета од патот, возачот почина

Маж почина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Макази – Маркова Нога, кога со возилото излетал од патот.
Несреќата, како што информираа од МВР, се случила утрово околу 4 часот.
„Патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Ресен, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото починал возачот А.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР.
Увид извршиле екипа од Полициската станица Ресен и јавен обвинител.
Топ
Автомобил прегази велосипедистка во Прилеп, жената загина на лице место

Четириесет и двегодишна жена загина во сообраќајна несреќа во Прилеп, кога додека управувала велосипед во неа удрил автомобил.
Несреќата се случила синоќа на улицата Александар Македонски.
„Патничко возило „фолксваген“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(54) од с.Славеј, прилепско, удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп“, велат од МВР.
Од здобиените повреди жената починала на лице место, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.
Црна хроника
Разбојник со закана со нож украл чанта на 17-годишна скопјанка, приведен е

Вчера на улицата Манапо во Скопје, полицијата го приведе 68-годишниот Ф.А..
Тој се сомничи дека околу 18.10 часот на ул.„Мраморец“ со закана со остри предмети од 17-годишно девојче од Скопје одзел чанта.
„Кај него биле пронајдени острите предмети и одземеното. Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.