Црна хроника
Уапсени разбојници од Тетовско, украле пари и производи од продажен објект
Вчера во 11.35 и во 12.20 часот во село Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишиле од слобода 36-годишниот Љ.З. од село Боговиње и 32-годишниот Е.Н. од село Горно Седларце.
Тие се сомничат дека во периодот од 01.00 до 06.00 часот извршиле тешка кражба во продажен објект сопственост на 55-годишниот Н.И. од село Боговиње, при што одзеле пари и повеќе производи.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Загинатите во тешката сообраќајна незгода кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата
МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар.
При судир на два автомобила, вчера загина едниот од возачите Ѓ.П.(35) од селото Дреново, и неговиот сопатник Б.П.(56) од истото село во Кавадаречко.
Другиот автомобил го управувал О.О.(31) од с.Тополница, радовишко, кој се здобил со тешки повреди. Меѓу повредените се и неговиот сопатник С.О.(24) од с.Тополница, радовишко. Тешко повредени се и Н.П.(28), Т.П.(53) и С.П.(31) сите од с.Дреново, кавадаречко.
Повредените се хоспитализирани во Градска болница Прилеп и Општа болница Кавадарци.
По извршениот увид, Обвинителството вчера соопшти дека несреќата се случила за време на прекенување, а двата автомобили возеле во истата насока.
Црна хроника
Тепачка поради расправија во сообраќајот во Тетово, едниот од нив со нож им се заканувал на полицајци
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Б.(33) и М.Б.(44), двајцата од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и А.С.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Денеска во Тетово, по претходна расправија во сообраќајот, прво и второпријавениот му ја оштетиле колата на третопријавениот, по што настанала физичка пресметка помеѓу нив.
Пoтоа, третопријавениот со нож упатил закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Црна хроника
Полицијата приведе кампер од Германија оти во возилото имал марихуана
Вчера на граничниот премин Табановце, на влез во државата, полицијата го приведе Д.П.(44) од Сојузна Република Германија.
При гранични проверки и контрола во возило кампер „фолксваген“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдена е марихуана, велат од МВР.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

