Црна хроника
Уапсени сопружници од Кавадарци и двајца велешани: при претрес затекнати како користат дрога

Вчера полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода 41-годишниот З.З. и неговата 37-годишна сопруга Ф.М.З. од Кавадарци и 32-годишниот Џ.Н. и 56-годишниот Л.М., двајцата од Велес.
При претрес во домот на З.З. во Кавадарци, извршен со судска наредба, лицата биле затекнати како користат наркотична дрога, по што во домот биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, зелена растителна материја, жолта прашкаста материја и други предмети со остатоци од дрога.
Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Детали за сообраќајната несреќа кај Бит-пазар: велосипедистот со тешки повреди пренесен во болница

МВР со детали за вчерашната сообраќајна несреќа што се случи кај Бит Пазар, а во која учествуваа автомобил и велосипедист.
„На 08.07.2025 во 13.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната С.А. и велосипед управуван од А.Ј.(32), двајцата од Скопје“, велат од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Уапсен маж во Демир Хисар: возел под дејство на алкохол

Вчера во 20.35 часот на улицата „Битолска“ во Демир Хисар, од страна на полициски службеници од ОВР Демир Хисар е лишен од слобода 59-годишниот Б.М. од село Бучин, крушевско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мазда“ со крушевски регистарски ознаки, кое го управувал Б.М., и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,58 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, ќе биде поденесена пријава по чл.297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Уапсени двајца шверцери на мигранти

Вчера околу 17.40 часот во близина на локалниот пат помеѓу село Богородица и село Стојаково од страна на полициски службеници од ПСГН Богородица биле пронајдени 13 лица мигранти (11 од Египет и 2 од Сирија), а околу 18.30 часот во близина на фабрика во село Стојаково биле пронајдени 11 мигранти од Египет, кои претходно биле превезени со патничко возило „мерцедес“.
Мигрантите се спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија и со нив бил извршен службен разговор, во кој изјавиле дека групата ја водел А.А.(26), а му помагал И.К.(22), двајцата од Сирија.
Околу 20.00 часот двајцата осомничени биле лишени од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.418-б од Кривичниот законик и се задржани за понатамошна постапка. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и против лицата ќе следува соодветна пријава.