Црна хроника
Уапсен возач во Скопје, возел пијан и предизвикал сообраќајна несреќа

Уапсен е возач во Скопје кој возел со 3,08 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна несреќа во која тешко е повредено едно лице.
На 06.07.2025 околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Србија“, бул.„Трета Македонска бригада“ и бул.„12 Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(60) од Скопје и патничко возило „опел антара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(23) од Скопје.
Во несреќата со тешка телесна повреда се здобил И.К., а со телесни повреди се здобиле Ф.К. и неговиот сопатник П.Б.(19) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, во 18.30 часот И.К. е лишен од слобода, затоа што е утврдено дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,08 промили алкохол во крвта и против него ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со запалена хартија од јајца потпалил сува трева и предизвикал пожар во Ѓорче Петров

Обвинителството побара притвор за 57-годишниот маж кој предизвика пожар во Ѓорче Петров.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери.
Синоќа, на улицата „Ѓорче Петров”, осомничениот 57-годишник со запалена хартија од табла за јајца потпалил сува трева. Со настанатиот пожар биле зафатени и изгорени околу 200 м2 тревна површина, а постоела реална опасност огнот да излезе од контрола и да зафати неограничен круг објекти во населено подрачје.
Имајќи ја предвид заканата и тежината на кривичното дело за кое е предвидена затворска казна до пет години, јавниот обвинител оцени дека постои ризик осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, па до Судот достави предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Сообраќајка кај Бит Пазар, возило удри во велосипедист

Автомобил удри во велосипедист на булеварот „Крсте Мисирков“ кај Бит Пазар.
Според очевидци, велосипедистот е повреден, а на асфалтот имало траги од крв.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Црна хроника
Дрога, дигитална вага и мобилен телефон пронајдени во ќелија во затворот во Гевгелија

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Т.П.(34) од с.Миравци, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
На 28.01.2025 во Казнено поправната установа Затвор Гевгелија, затворската полиција извршиле претрес во просторија во установата, при што се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и мобилен телефон во сопственост на пријавениот.