Црна хроника
Уапсен возач кој превезувал осум мигранти кај Смоквица
Полицијата уапси возач кој превезувал осум илегални мигранти на патот Гевгелија – Скопје. Според полицијата, вчера во 20:30 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, на мостот на „Зуичка река“ полициски службеници забележале „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувана од С.С.(43) од Скопје.
Возилото нагло застанало и од него излегле осум непознати лица. Нешто подоцна возилото било запрено, три километри по клучката кај село Смоквица, а по пребарување на реонот биле пронајдени осум илегални мигранти од Авганистан, кои изјавиле дека се превезувале со возилото.
Тие биле приведени во Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица за понатамошна постапка. Исто така, возачот на возилото бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.