Црна хроника
Уапсен скопјанец баран со потерница за издржување казна затвор
Денеска во 16:30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по издадена судска наредба го лишија од слобода 26-годишниот Е.Т. од Скопје во врска со сторено кривично дело “Тешка кражба” за издржување на казна затвор во времетраење од три години.
По целосно документирање на случајот лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.
Црна хроника
МВР одзеде возило управувано од 16-годишник во Струга
Вчера при контрола во патниот сообраќај, полицијата сопрела патнички автомобил „фолксваген туран“ со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал 16-годишник кој сè уште немал законско стекнато право за управување моторно возило.
По консултација со јавен обвинител, полициските службеници, во присуство на член на семејството на малолетникот, извршија службен разговор и возилото го одзедоа.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

