Црна хроника
Уапсен 23-годишник од Скопје: при претрес најдено оружје и куршуми
Полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со Агенцијата за национална безбедност и Основното јавно обвинителство Скопје, на 19.07.2025 година извршија претреси на дом и други простории на две локации во Скопје.
За време на претресите кај лицето С.А. (23) од Скопје пронајдени и одземени се електронски доказни материјали, огнено оружје и 51 куршум.
По извршените претреси за С.А. до Основното јавно обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава за „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со четирицикл удрил во ѕид од куќа: тешко повреден скопјанец
Ноќеска во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„4“ во с.Стајковци, скопско, Г.Р.(71) од Скопје, управувајќи четирицикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид од куќа.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Охриѓанец го претепал татка си
Синоќа во 21:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Б. од Охрид во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Уапсени двајца тетовци: истепале полицајци, а кај едниот пронајдена марихуана
Денеска во 00:30 часот на улица „Христијан Тодоровски Kарпош“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода М.Л.(33) и Х.Ш.(24), двајцата од Тетово, затоа што физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија и зато ашто при преглед кај нив, кај М.Л. е пронајдена марихуана.
Потоа, во куќата и помошни простории на М.Л., со негова дозвола, извршен е претрес, при што се пронајдени 18 марихуана.
Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави по член 215 и член 383 од Кривичниот законик.

