Контакт

Црна хроника

Фатени Македонци во Србија, во пластични шишиња криеле 9,3 килограми марихуана

Објавено пред

Двајца Македонци се фатени на граничниот премин „Хоргош“ во Србија со 9,3 килограми марихуана. Полицијата во соработка со царината го спречила шверцот со дрога. Марихуаната е пронајдена при проверка на резервоарот на „опел астра“ со македонски регистарски таблички, а била складирана во десет пластични шишиња.

Македонските државјани И.М. (32) и А.А. (37) се задржани во полиција 48 часа, по што ќе бидат предадени на обвинителството во Суботица.

Црна хроника

Момче пронајдено обесено на кејот на Вардар

Објавено пред

Вчера во 19:56 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кеј на реката Вардар во Скопје, во близина на ФФМ, било пронајдено обесено машко лице на возраст од околу 25 години. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Измамници ѝ зеле пари на постара жена – ја излажале дека ќерка ѝ прегазила дете

Објавено пред

Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, Ѓ.Б.(77) од Скопје пријавила дека во 9:00 часот телефонски ѝ се јавиле две непознати лица кои ја известиле дека нејзините ќерка и зет во населбата Аеродром со возило прегазиле дете, при што едното лице се понудило да помогне како сведок на настанот, за што ѝ биле побарани пари.

По одредено време на улица во населбата Гоце Делчев во Скопје пристигнало патничко возило, со скопски регистарски ознаки, во кое имало две лица, по што Ѓ.Б. на едното му дала 52.000 денари. Подоцна измамената исконтактирала со нејзиниот син, по што сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Прикажи повеќе...

Топ

Велешанец исчезна во водите на Вардар при обид да спаси екипа на ЕВН

Објавено пред

Полицијата трага по маж од Велешко кој со трактор се обидел да извлече возило на ЕВН, но бил повлечен од надојдената река во Вардар. Како што информира полицијата, вчера во 14:47 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Белештевица, Велешко, на место викано Лавчани, при обид на С.Н. со трактор да извлече возило во кое се наоѓала екипа на ЕВН, која отстранувала претходно настанат дефект, од надојдена вода С.Н. и возилото на ЕВН биле однесени кон реката Вардар.

При пребарување на околината од страна на полициски службеници од СВР Велес и локалното население, возилото било пронајдено, додека по С.Н. сè уште се трага и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет33 минути

(Видео) Авион со 190 патници излета од писта во Индија и се преполови

Авион на „Ер Индија експрес“ со 191 патник од Дубаи се излизга од пистата и се преполови на аеродромот „Кожикоде“...

Македонија2 часа

155 нови случаи на Kовид-19 во земјава, починати се две лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на...

Топ2 часа

Велешанец исчезна во водите на Вардар при обид да спаси екипа на ЕВН

Полицијата трага по маж од Велешко кој со трактор се обидел да извлече возило на ЕВН, но бил повлечен од...

Македонија4 часа

Малиот Илче од Охрид, кој беше напуштен од родителите, по десет дена лекување, ја напушти Детската клиника

По десетина дена лекување на Детската клиника, 11-годишниот Илче од Охрид, кого родителите го напуштија, ја напушта болницата здрав и...

Свет4 часа

Либанскиот претседател не исклучува надворешна вмешаност во експлозијата во Бејрут со ракета или бомба

Претседателот на Либан, Мишел Аун, не ја отфрла можноста за надворешна вмешаност во катастрофалната експлозија во главниот град Бејрут велејќи...

Свет6 часа

Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

Русија ќе ја регистрира својата прва вакцина против коронавирусот на 12 август, рече рускиот заменик-министер за здравство, Олег Гриднев, пренесува...

Македонија6 часа

Девојка пријавила дека била сексуално вознемирувана додека полагала возачки испит

Девојка, која полагала возачки испит, пријавила во Хелсиншкиот комитет дека била сексуално вознемирувана од еден од членовите на комисијата. Случајот...

Македонија6 часа

Хелсиншкиот комитет: Газди им дале 50 отсто помала плата на мајки на деца до десетгодишна возраст

Една од родовосензитивните мерки за справување со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, кои ги донесе Владата, e ослободувањето од работни...

Македонија7 часа

Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски....

Свет8 часа

Германија воведе задолжително тестирање на коронавирус на аеродромите

Бројот на заразени со коронавирус во Германија многу загрижувачки расте, најверојатно и поради големиот број повратници од ризични земји, пишува...

Свет8 часа

Пронајдена слабата точка на коронавирусот

Научниците од Универзитетот во Канзас ја открија слабата точка на коронавирусот „САРС-КоВ-2“. Порталот „Сајенс дејли“ известува дека експертите тестирале терапевтско...

Свет8 часа

Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

Уште на почетокот на јули виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само половина од заболените и излекуваните од...

Свет10 часа

Асимптоматските случаи имаат иста количина вирус како и оние со симптоми

Асимптоматските случаи на Ковид-19 носат иста количина вирус како и оние со симптоми, покажува јужнокорејска студија. Јужна Кореја можеше да...

Свет10 часа

Сандерс предлага закон за даночење на добивката на милијардерите за време на пандемијата

Американскиот сенатор Берни Сандерс заедно со колегите сенатори, Ед Марли и Кирстен Гилбренд, предлага закон за даночење на милијардерите. Според...

Свет11 час

(Видео) Антивладини протести во Бејрут поради експлозијата

По силната експлозија во Бејрут, во која загинаа голем број луѓе, на улиците на престолнината следуваат демонстрации против владата. Демонстрантите...

Регион22 часа

(Видео) Дваесет полицајци во Шпанија апселе двајца бегалци од Србија, пронајдена е лабораторија за дрога

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот...

Свет22 часа

Реконструкција на катастрофата: како се случи експлозијата во Бејрут што го шокираше светот

Силата на експлозијата што ја зафати либанската престолнина го шокираше светот. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата,...

Свет1 ден

(Видео) Се запали зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија...

Свет1 ден

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот пред експлозијата

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно...

Македонија1 ден

(Видео) Обилните дождови ги поплавија рудниците на РЕК „Битола“

Обилните врнежи од дожд во Битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“. Ископот и...

Досие