Црна хроника
Автомобил удри во ограда и се преврте во близина на Гевгелија, патниците однесени во болница
Автомобил се преврте во близина на клучката Миравци кај Гевгелиија, а лицата што се превезувале се префрлени во болница, каде што им се укажува лекарска помош поради повреди. Според првичните информации од МВР, до несреќата дошло кога возачот изгубил контрола и удрил во ограда.
„Во СВР Струмица е пријавено дека на автопатот А1, по тунелите кон клучката кај Миравци, патничко возило ‘ситроен Ц5’, со босански национални ознаки, излегло од коловозот, удрило во заштитната ограда и се превртело на патот. Лицата од возилото се пренесени во медицинска установа, но досега не се пријавени констатирани повреди“, велат од МВР.
Увидот е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Уапсен кумановец на Табановце, шверцувал стари монети
Полицијата уапси кумановец на Граничниот премин Табановце, во неговото возило биле пронајдени стари монети.
Вчера во 20:18 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.С.(39) од Куманово. При гранични проверки и контрола во возилото „фиат“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монети со различни големини и форми, кои потекнуваат од различни временски периоди.
Лицето е задржано во Полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 266Б од Кривичниот законик – „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости“.
Црна хроника
52-годишник од Гостиварско измамен за 2.000 евра: уплатил пари за да земе кредит
Вчера во 15:30 часот во ОВР Гостивар, 52-годишник од гостиварско село пријавил дека во периодот од 25.10.2025 до 31.10.2025 бил измамен од едно лице за сума од 2.000 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа забележал реклама од странска банка, по што преку линк аплицирал за кредит, а по извесно време преку социјални мрежи започнал комуникација со лице кое се претставил како претставник на банката и кој му побарал документација и трансакциска сметка.
Како што е пријавено, по извесно време му било кажано дека се е во ред и дека трансферот на кредитот ќе биде реализиран откако тој ќе уплати пари за некои провизии.
Исто така, според пријавеното, откако ги уплатил парите, а не го добил кредитот, повторно го контактирал лицето кое се обидело повторно да го доведе во заблуда. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Кривична против директор на основно училиште од Ростуше: вработил наставници без факултет
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против против 64-годишниот А.С. од село Ростуше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од 2024 до 2025 година, пријавениот како директор во основно училиште во село Ростуше, ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што овозможил вработување на несоодветен кадар, односно нестручни наставници кои предаваат на ученици во село Ростуше и одделенски наставници во село Велебрдо и село Требиште, а немале завршени студии.
Тие не биле соодветни да извршуваат настава согласно Законот за наставници и стручни соработници, а било констатирано од страна на Државен просветен инспекорат при инспекциски надзор од 19.09.2025.

