Црна хроника
Автомобил удри во пешак на улица во Чаир, момчето е во болница

Вчера околу 19 часот, на улицата Цветан Димов, автомобил „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.С.(35) од селото Лопате, кумановско, удри во пешакот С.О.(26) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот С.О., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, објави МВР во дневниот билтен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Момче и девојка претепале таксист во Аеродром

Денеска во 03.52 часот во СВР Скопје, М.Н. 63-такси возач од Скопје пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром едно машко и едно женско лице не му платиле за такси услугата.
Tие според пријавеното и физички го нападнале.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.
Црна хроника
Претепан малолетник во скопско Марино: друго момче го снимало настанот на мобилен

Синоќа во 22.10 часот во СВР Скопје, В.Б.(55) од с.Марино, скопско, пријавил дека во с.Марино, неговиот малолетен син бил физички нападнат од еден малолетник, додека друг малолетник настанот го снимал со мобилен телефон.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот
Црна хроника
На сила ја внеле во возило: повредена скопјанка во Струга

Утрово во 04.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека околу 02.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Струга, лицето А.Н. и уште едно лице со употреба на сила ја внеле С.Е.(22) од Скопје во патничко возило и заминале од местото.
Во 09.11 часот во СВР Охрид, лекар од Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје пријавил дека С.Е. побарала помош кај нив и ѝ биле констатирани телесни повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.