Црна хроника
Акциска контрола во угостителски објекти, пронајдена дрога, затекнати малолетници
На 17.09.2022 во периодот од 00.00 до 04.00 часот беше спроведена акциска контрола во угостителски објекти на територија на Република Северна Македонија, при што биле контролирани 308 угостителски објекти.
При контролата, приведени се две лица во Куманово затоа што кај нив била пронајдена дрога. Во 00.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(22) од Куманово затоа што кај него бил пронајден и одземен амфетамин. Додека, во 02.05 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Т.(30) од Гевгелија затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Исто така, во еден угостителски објект во Куманово бил затекнат малолетник кој бил послужен со алкохол.
При контрола во угостителски објект во Тетово во 00.15 часот од слобода бил лишен Х.С.(28) од с.Мала Речица, тетовско, затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случаите против лицата и правните субјекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Исто така, при контролата биле констатирани и повеќе прекршоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир кои соодветно биле санкционирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.