Црна хроника
Возач кој превезувал мигранти удрил во автомобил на патарина па побегнал

Вчера на автопатот Скопје – Гевгелија, на наплатната станица „Сопот“, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки удрило во патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.С.(35) од Скопје, по што го напуштило местото.
По преземени мерки, полициски службеници во близина на с.Сопот го пронашле возилото и во него затекнале пет лица мигранти од Народна Република Кина, објави МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен крадец во Кавадарци: ја истепал и вработената во маркетот што го ограбил

Денеска во 12:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода 44-годишниот Л.С. од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.10.2025 во 14:30 часот извршил „разбојничка кражба“.
Имено, тој се сомничи дека одзел производи кои биле поставени пред продажен објект во Кавадарци, по што бил забележан од вработена во маркетот.
Таа се упатила кон него да ги земе производите, но тој ја нападнал со остар предмет, кој му го одзела, по што физички ја нападнал и побегнал.
Л.С. е задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице

Вчера околу 16:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Н.С.(30) од село Воиславци, радовишко.
При претрес во домот на С.А. во Радовиш, во кој престојува Н.С., извршен со судска наредба, пред влезната врата пронајдена марихуана. Исто така, марихуана е пронајдена и при преглед на Н.С.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Н.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Шест уапсени по вчерашната тепачка пред угостителски објект во Скопје

На 09/10.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(23), М.З.(24), А.Ѓ.(42), И.М.(33), М.З.(55) и Б.Р.(29), сите од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 20:00 часот пред угостителски објект на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу лишените од слобода и неколку други лица од една страна и А.М.(40), Т.Д. (41) и М.Е. (45) од друга страна.
Сите тие претходно биле во угостителскиот објект.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.