Црна хроника
Возеле без возачка дозвола, со изречена забрана, пијани: Уапсени возачи во Дебар, пробиштипско, Тетово, Велес, Кавадарци и Кичево
Ноќеска околу 00:30 часот на улицата „Едип Папранику“ во Дебар, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато ги лишиле од слобода 28-годишниот А.Л. и 23-годишниот А.Л. двајцата од Дебар.
Претходно, тие го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со неколку други лица, при што 28-годишниот А.Л. со тврд предмет нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија, а потоа побегнале. Набргу, по преземени мерки, било запрено патничко возило „опел корса“, управувано од 28-годишниот А.Л., а сопатник бил 23-годишниот А.Л. и при извршени проверки е констатирано дека 28-годишниот возач го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека има 1,65 промили алкохол во крвта и не поседува возачка дозвола за управување на моторно возило. Лицата се лишени од слобода, а возилото одземено.
Вчера во 22:40 часот на излез од село Ратавица кон село Трипатанци, пробиштипско, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода 57-годишниот Ж.К. од село Трипатанци. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „југо“ без регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека го управувал возилото без да се стекне со право на управување на возило од Б категорија. Известен е јавен обвинител и по негова насока возилото е привремено одземено.
Вчера во 23:00 часот на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода 43-годишниот А.И. од Тетово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото за време на активна забрана за управување со моторно возило. По насоки на јавен обвинител, возилото е привремено одземено за понатамошна постапка,
Вчера во 12:30 часот на наплатна станица „Градско“ во Велес, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишиле од слобода 22-годишниот Б.П. од Неготино. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „сеат толедо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П. и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило. По добиени насоки од јавен обвинител, Б.П. е лишен од слобода, а возилото и возачките документи се одземени.
Вчера во 19:00 часот на улицата „Методија Џунов Џико“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 43-годишниот С.Ф. од Кавадарци. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „фолксваген пасат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Ф. и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило. По добиени насоки од јавен обвинител, А.И. е лишен од слобода, а возилото и возачките документи се одземени.
Вчера во 17:35 часот на улицата „11 Септември“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода 21-годишниот Ф.Т. од село Стрелци, кичевско. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „рено клио“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.Т. и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото пред да се стекне со право на управување со моторно возило. По добиени насоки од јавен обвинител, Ф.Т. е лишен од слобода, а возилото и возачките документи се одземени.
Вчера во 14:30 часот на улицата „Борис Кидрич“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода 32-годишниот Џ.А. од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Џ.А. и по извршени проверки е констатирано дека го управувал возилото, пред да се стекне со право на управување со моторно возило. По добиени насоки од јавен обвинител, Џ.А. е лишен од слобода, а возилото и возачките документи се одземени.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесена соодветни пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

