Црна хроника
Во возило пронајдени и одземени 800 грама марихуана, поднесени две кривични пријави

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривичнa пријавa против две лица од Охрид поради сторено кривичнo делo неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Пред неколку дена на локалниот пат Штип-Кочани, во близина на селото Уларци, како што соопшти полицијата, од страна на полициски службеници, при преглед на патничко возило, управувано од првопријавениот и второпријавениот како сопатник, биле пронајдени и одземени 800 грама марихуана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетник нападнат синоќа во градинка во Чаир

Малолетник бил нападнат синоќа околу 21 часот од страна на четворица врсници во двор од градинка во Чаир.
Едниот од нив, му ги одзел слушалките, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнат од три лица во Аеродром: му го попречиле патот, па му го оштетиле и возилото

Триесетгодишен скопјанец во текот на вчерашниот ден бил нападнат во Аеродром.
Додека се движел со товарно возило, тројца мажи кои биле со автомобил му го попречиле патот, при што едниот физички го нападнал, додека другите го влечеле и се обиделе да го извлечат од возилото.
Успеал да им побегне, но не траело долго. Го престигнале и со употреба на тврди предмети му го оштетиле возилото и физички го нападнале со тврд предмет, информира МВР во дневниот полициски билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Штипјанка нападната од партнерот на бензинска, жена од Свети Николе во домот – насилство во источниот дел од земјата

Две жени од Штип и Свети Николе во текот на вчерашниот ден биле нападнати. Едната од момчето, а втората од поранешниот сопруг.
Од МВР информираа дека во Штип нападната е 33-годишна жена на бензиска пумпа во градот, од страна на нејзиниот партнер Е.Ј.(34) од селото Конче.
Во случајот во Свети Николе, приведен е Д.М.(68) кој ја нападнал неговата 56-годишна поранешна сопруга и со нож и се заканувал во домот.
Полицијата работи на расчистување на случаите.