Црна хроника
Во Глумово приведен дилер кој треба да издржи двегодишна затворска казна
Во скопското село Глумово интервентната полиција, денеска, врз основа на судска наредба, го привела Б. Љ. (37) за издржување казна затвор од две години.
Како што информираат од МВР, 37-годишникот е осуден за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Тој веднаш ќе ѝ биде предаден на казнено-поправната установа, во која треба да ја издржува казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава за маж од Делчево, психички и физички ја малтретирал сопругата
Полицијата поднесе кривична пријава за маж од Делчево кој подолго време психички ја малтретирал сопругата.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 54- годишен маж од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“.
Пријавениот подолг временски период психички ја малтретирал неговата 54-годишна сопруга и ѝ упатувал закани, додека во периодот од 06.01. до 08.01.2026 физички ја нападнал во семејниот дом.
Црна хроника
Уапсен возач од кратовско, управувал возило со 3,19 промили алкохол и излетал од патот
Полицијата уапси возач од кратовско кој управувал возило со 3,19 промили алкохол во организмот и излетал од патот.
Вчера во 23:07 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода С.С.(38) од с.Татомир, кратовско. Претходно, во 22:45 часот на регионалниот пат Татомир – Кратово, во село Туралево, С.С. управувајќи возило излетал од патот, а по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,19 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
(Фото) Пронајдена дрога во Скопје, уапсени две лица
Вчера во 15:30 часот на булеварот „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 37-годишниот Н.А. од Скопје.
При преглед на неговото возило пронајдени се две патнички торби во кои имало марихуана.

Ноќеска во 00:10 часот на улицата „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 21-годишниот Е.Х. од Тетово, затоа што кај него е пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
фото: МВР

