Црна хроника
Во Ресенско откриена нелегална сеча на дрва, следуваат кривични пријави
На 11.8.2022 во 9:15 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица Ресен и Надворешната канцеларија за криминалистички работи бил лишен од слобода М.Н.(46), кој бил затекнат при бесправна сеча на огревни дрва, од кои дел биле натоварени на возило.
Извршен е увид на местото на настанот. Истиот ден, во 11:00 часот полициски службеници, постапувајќи по планот за „Безбедно лето 2022”, на место викано Бела Вода, атар на с. Златари, пронашле патничко возило „сеат толедо“, со ресенски регистарски ознаки, натоварено со огревно дрво без соодветна документација.
Возилото и дрвата се предадени на ЈП „Национални шуми”- подружница Ресен, а по документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари
МВР информира дека вчера по преземени оперативни мерки и дејствија, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје го уапсиле 32 годишниот Б.М. од Штип.
При претрес во неговиот дом во Штип извршен по насоки од надлежен обвинител, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, поголема сума на пари и дигитална вага.
„Лицето е задржано во полициска станица и во текот на денот со кривичната пријава ќе биде предаден на судија на претходна постапка за понатамошно постапување“, соопштија од полицијата.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.