Црна хроника
Во Скопје вчера се казнети 134 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за користење мобилен телефон…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени се 17 лица кои пуштале музика во денови на жалост, меѓу нив и дете

Вкупно 17 лица на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово во текот на ноќта биле приведени од полицијата под сомнение за непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост – кривично дело по член 387 од Кривичниот законик.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, 12 лица, од кои едно малолетно, се приведени на подрачјето на Прилеп.
Во Скопје е приведено едно малолетно лице и управител на угостителски објект, во Кичево – еден сопственик на угостителски објект и во Куманово се приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект осомничени дека ја прекршиле донесената одлука.
-По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.
Црна хроника
Возел низ Скопје со над 100 километри на час и без важечка возачка дозвола

Вчера во 12.48 часот полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на бул.”Александар Македонски” во Скопје сопреле патничко возило фолксваген голф, управувано од М.Е., затоа што го управувал возилото со брзина од 104 км на час во населено место каде дозволена брзина е 50 км на час.
Покрај тоа, М.Е. го управувал возилото без важечка возачка дозвола. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297 а од КЗ- “безобѕирно управување со моторно возило”.
Црна хроника
Дете тешко повредено во сообраќајка во Тетово

Вчера во 17.55 часот во СВР Тетово била пријавена несреќа каде патничко возило голф управуван од Е.Ј.(31) од с.Челопек, удрило во малолетник од с.Сараќино. Несреќата се случила на ул. „Видое Смилевски Бато“ во близина на кружен тек со улица „Браќа Миладинови“ во Тетово
„Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово“, велат од МВР.