Црна хроника
Во сообраќајка кај Кичево загина 61-годишен тракторист

На магистралниот пат Кичево-Гостивар кај селото Трапчин дол утрово околу 9 часот и 30 минути била пријавена сообраќајна незгода, која завршила со фатални последици.
Како што информираат од МВР, во сообраќајката учествувале автомобил „ауди“ со гостиварска регистрација, управуван од 20-годишник од Зајас и трактор управуван од 61-годишен жител на кичевското село Грешница.
На местото на настанот починал трактористот, а возачот на автомобилот бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево за укажување на лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од полициската станица во Кичево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Центарот за социјални работи пријави обљуба врз малолетник на Бит-пазар

На 14 октомври, околу 00:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот, информира МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Тинејџер ја нападнал 18-годишната девојка во Скопје

Oсумнаесетгодишна девојка пријави во МВР дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот 19-годишен партнер од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
83-годишник паднал од мотор во Струмичко, тешко повреден

Вчера во селото Зубово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа. Како што информира МВР, 83-годишниот К.С. од Зубово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Струмица.