Црна хроника
Во угостителски објекти во Тетово откриени државјани на Косово и Албанија со нерегулиран престој
Во акциска контрола во Тетово полицијата откри државјани на Албанија и на Косово со нерегулиран престој во државата.
Според информациите на МВР, во текот на изминатата ноќ во периодот од 22 до 02 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово извршена е контрола во седум угостителски објекти во Тетово.
„При контролите затекнати се четири лица со нерегулиран престој, три женски лица на возраст од 17 и 18 години од Косово и едно машко лице на возраст од 24 години од Албанија. Исто така во еден објект се затекнати две лица на возраст од 25 години од Тетово и село Порој, кај кои е пронајдена марихуана. Лицата се приведени за понатамошна постапка“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.
Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.

