Црна хроника
Вработени во „Комунална“ нападнале скопјанец
Триесет и четиригодишен маж од селото Рашче, скопско, со иницијали В.П. во полицијата пријавил физички напад.
Нападот се случил вчера во кругот на ЈП„Комунална хигиена“, а го нападнале три лица вработени во претпријатието, информираат од МВР.
Истиот ден, пријавен е уште еден случај со вработен во Комунална хигиена кој, пак, бил нападнат од страна на непознато лице додека извршувал работни обврски.
Полицијата работи на расчистување и на двата случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Загина 15-годишно момче на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка
Вчера околу 21:40 чсаот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во населбата Карпош се случила сообраќајна несреќа со трагичен крај. Малолетник загина додека негов врсник се здобил со тешки телесни повреди. Во несреќата учествувало возило „бмв” со албански национални ознаки и мотоцикл ,,јамаха”.
„Вчера околу 21.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово – Крива Паланка, во населба Карпош – Куманово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од И.Б.(37) од Скопје и мотоцикл „јамаха“ управувано од малолетник од Куманово. Во незгодата, од здобиените повреди на местото починал 15 – годишен сопатник на мотоциклот од Куманово, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 16-годишниот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово, информираше полицијата.
Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, возачот на патничкото возилот бил лишен од слобода, а возилото и мотоциклот биле предадени на вонреден технички преглед.
Црна хроника
Приведено лице од Битола барано со потерница
Денеска во 14.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола, врз основа на наредба од Основен суд Битола, го лишија од слобода С.Р.(31) од Битола, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци.
Лицето, како што соопшти полицијата, ќе биде спроведено во казнено поправната установа Затвор Битола.
Црна хроника
Малолетници се степале во автобус на ЈСП
Денеска во 11.30 часот во СВР Скопје, М.М.(53) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека на 30.09.2024 околу 13.55 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син и двајца негови малолетни другари биле физички нападнати од други малолетници, кои употребиле и тврд предмет.
Според МВР се преземаат мерки за расчистување на случајот.