Црна хроника
Граната од Втората светска војна најдена во Куманово

Граната, која, најверојатно, потекнува од Втората светска војна, била пронајдена во Кумановско.
„На 8 март во СВР Куманово било пријавено дека во село Лопате, Кумановско, била пронајдена граната, која најверојатно потекнува од Втората светска војна“, велат од МВР.
Полициска екипа извршила увид, а гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 62-годишен штипјанец: ја истепал снаата

Вчера во 22.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 62-годишниот З.Н. од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал својата 30-годишна снаа.
По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанка во својот двор во Кисела Вода пронашла куршум, полицијата го расчистува случајот

Вчера во 11.30 часот во СВР Скопје, 37-годишната Е.П.И. од Скопје пријавила дека во нејзиниот двор на подрачјето на Кисела Вода пронашла заталкано зрно од огнено оружје.
Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбена златарница во Градскиот трговски центар во Кочани

Денеска во 03.27 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во периодот од 20.00 часот на 22.02.2025 до пријавувањето, со употреба на сила и погоден алат било влезено во златарница во Градскиот трговски центар во Кочани и биле одземени накит и часовници.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.