Црна хроника
Граната од Првата светска војна најдена во нива во Новаци

Вчера, во Полициското одделение Новаци, Б. П. (47) од селото Новаци, пријавил дека во нива во атарот на селото пронашол граната.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола безбедно ја подигнал гранатата и утврдил дека се работи за артилериска граната во калибар од 75 мм од Првата светска војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Семејно насилство во Кичево: се истепаа мајка и ќерка

Вчера во 17.05 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на регионалниот пат Кичево-Битола, по претходна расправија, настанал физичка пресметка помеѓу 36-годишната И.С. и нејзината малолетна ќерка, двете од Кичево.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Изгоре стан во Прилеп, поради вдишување чад две лица пренесени во болница

Вчера околу 13.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба „Точила“ во Прилеп настанал пожар во стан сопственост на Т.Ј., во кој престојувала неговата неговата сестра Ц.С.(51) и неговиот зет Д.П.(40), двајцата од Скопје.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад Ц.С. и сосетката С.П.(73) од Прилеп биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Уапсен битолчанец, ја истепал својата сопруга

Вчера во 23.45 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода 27-годишниот Ѓ.С. од Битола, со престој во крушевско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.