Црна хроника
Дваесет и тригодишен дебарчанец синоќа бегал од полицијата оти возел „мерцедес“ пијан и без дозвола

Синоќа во 1.30 часот по полноќ, полицијата во Дебар го приведе 23-годишниот А.Љ. од овој град, откако претходно управувајќи „мерцедес“ се дал во бегство.
Набргу, по преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Есат Мезелџиу“ и било констатирано дека не поседувал возачка дозвола и дека возилото го управувал под дејство на алкохол, велат од МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ова се случува во момент кога во фокус на јавноста е ужасот од завчера на улицата „Партизански одреди“ кога беше усмртена 22-годишната Фросина Кулаковa од 20-годишен возач без дозвола, кој истотака управувал возило под дејство на алкохол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Украдени бронзени бисти од градските гробишта „Бутел“

Вчера во СВР Скопје, Б.И.(67) и С.Ж.(76), двајцата од Скопје, пријавиле дека од гробни места од Градските гробишта Бутел биле одземени две бронзени бисти.
Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Маж од Скопје останал без пари и без стан: уапсена 55-годишна жена

Синоќа во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода В.С.Н.(55) од Скопје.
Таа се сомничи за сторено кривично дело измама.
Имено, од страна на 34-годишен скопјанец на истата и биле исплатени 172.732 денари при склучување на нотарски договор за посредување при купување на стан, но оштетениот подоцна дознал дека станот веќе бил продаден на друго лице, по што сфатил дека бил измамен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Украдени бистите на Крсте Петков Мисирков и на Ѓорѓија Пулевски, спомен-бистата на Кочо Рацин оштетена

Вчера во 09.30 часот во СВР Скопје, од ЈП „Паркови и зеленило“ било пријавено дека во Градски парк, кај бараките на Град Скопје, бил одземен споменикот на Крсте Петков Мисирков, а спомен бистата на Кочо Рацин била оштетена.
Истиот ден во 13.25 часот, од Основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на подрачјето на општина Аеродром, било пријавено дека од дворот на училиштето била одземена спомен биста на Ѓорѓија Пулевски.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.