Македонија
Двајца загинати и 17 повредени мигранти во сообраќајката кај Радовиш
Две лица загинаа, а 17 се повредени во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип, во близина на рудникот Бучим.
До сообраќајната несреќа дошло кога товарно возило од марката „ивеко“ удрило во ограда од мост. Во возилото се превезувале мигранти од Бангладеш и Шри Ланка, а возачот избегал од местото на несреќата, соопшти СВР Струмица.
Сообраќајот е нормализиран за сите видови на возила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да најде простор за поддршка на одлуката за поголеми плати
Како и секогаш до сега кога се во прашање важни одлуки како зголемување на платите, СДСМ повторно не може да најде простор за поддршка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека очигледно е дека повеќе би сакале да молчат, отколку да признаат дека нашата влада презема вистински чекори.
„Шегата на страна, ВМРО-ДПМНЕ сериозно се грижи за граѓаните и затоа ја донесе одлуката за зголемување на платите, за подобрување на животниот стандард на сите. Ова е важен чекор кој СДС, наместо да го игнорира, треба да го поддржи за доброто на народот. Молкот на СДС е уште еден доказ за нивната неодговорност и недостиг на визија. Граѓаните заслужуваат повеќе, заслужуваат одговори и дела, а не плитки избрзани критики во слабост од луѓе кои за 7 години буквално ја уништија државата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
В понеделник ќе продолжи судењето за убиството на Вања и Панче
Велешанецот Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е вратен во Истражниот затвор Скопје. Тој поради влошена здравствена состојба кон крајот на минатиот месец беше пренесен на болничко лекување.
Поради хоспитализацијата на Видевски, Основниот кривичен суд Скопје ги отповика рочиштата за судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски кои беа закажани за минатата недела, информирајќи дека судењето продолжува на следниот закажан термин на 14 октомври.
Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Им се суди на првообвинетиот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.
Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа најдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.
Македонија
Поранешниот прв министер на Шкотска, Алекс Салмонд почина денеска во Охрид
Алекс Салмонд поранешен прв министер на Шкотска почина денеска во Охрид, каде учестувуваше како панелист на вториот Форум за културна дипломатија, информираат од Канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Салмонд вчера имаше излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.
Салмонд од 2007 до 2014 година беше прв министер на Шкотска.