Црна хроника
Двајца повредени во сообраќајна несреќа во Трнодол

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа во скопската населба Трнодол. Вчера, во 8 часот, на улицата Трнодол во Скопје, се случила сообраќајна незгода помеѓу „фолкваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управуван од И. Ф., и „ланд ровер“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Б. Г.
Во незгодата тешки телесни повреди добил сопатникот Р. Ф. од возилото „голф“, а другиот сопатник од истото возило, М. Ф., добил телесни повреди. Тие биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ги мачеле животните: кривична за тетовци кои учествувале во борби со кучиња

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.У.(51) од с.Долно Палчиште, тетовско, Ј.И.(44) од с.Дебреше и А.М.(18) од с.Горно Палчиште, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „мачење животни“.
Имено на 27.02.2025 во атар на с. Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги затекнале пријавените, кои учествувале со свои кучиња во борба со кучиња.
Црна хроника
Прегазен 35-годишен тетовец

Вчера во 09.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(49) од Тетово, удрило во пешакот Н.К.(35) од Тетово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Управувал возило под дејство на алкохол и физички нападнал полицаец: приведен велешанец

Утрово во 00.35 часот на улица „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(26) од Велес.
Тој бил запрен од полициски службеници затоа што бил забележан како со голема брзина управувал патничко возило „нисан“ со велешки регистарски ознаки.
Притоа, тој одбил да му се изврши алкотестирање и почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници и удирал по службеното полициско возило, а потоа и физички нападнал еден од полициските службеници.
А.Д. бил задржан во полициска станица и од извршените проверки било констатирано дека тој го управувал возилото без возачка дозвола и со 2,07 промили алкохол во крвта.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297 А – „безобѕирно управување со моторно возило“ и член 383 од Кривичниот законик – „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, како и за сторени прекршоци од Законот за безбедност на патниот сообраќај.