Црна хроника
Двајца повредени во сообраќајна несреќа на патот Демир Хисар – село Прибилци
На 15.06.2025 околу 21.45 часот во Полициската станица Демир Хисар било пријавено дека на регионален пат Демир Хисар–с.Прибилци, демирхисарско, атар на село Прибилци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.И.(67) од село Бараково, демирхисарко и патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.С.(23) од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.И.(38) од село Бараково, сопатник во возилото „бмв“, додека возачот Љ.И. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Загинатите во тешката сообраќајка кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата
МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар.
При судир на два автомобила, вчера загина едниот од возачите Ѓ.П.(35) од селото Дреново, и неговиот сопатник Б.П.(56) од истото село во Кавадаречко.
Другиот автомобил го управувал О.О.(31) од с.Тополница, радовишко, кој се здобил со тешки повреди. Меѓу повредените се и неговиот сопатник С.О.(24) од с.Тополница, радовишко. Тешко повредени се и Н.П.(28), Т.П.(53) и С.П.(31) сите од с.Дреново, кавадаречко.
Повредените се хоспитализирани во Градска болница Прилеп и Општа болница Кавадарци.
По извршениот увид, Обвинителството вчера соопшти дека несреќата се случила за време на прекенување, а двата автомобили возеле во истата насока.
Црна хроника
Тепачка поради расправија во сообраќајот во Тетово, едниот од нив со нож им се заканувал на полицајци
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Б.(33) и М.Б.(44), двајцата од с.Порој, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ и А.С.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Денеска во Тетово, по претходна расправија во сообраќајот, прво и второпријавениот му ја оштетиле колата на третопријавениот, по што настанала физичка пресметка помеѓу нив.
Пoтоа, третопријавениот со нож упатил закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Црна хроника
Полицијата приведе кампер од Германија оти во возилото имал марихуана
Вчера на граничниот премин Табановце, на влез во државата, полицијата го приведе Д.П.(44) од Сојузна Република Германија.
При гранични проверки и контрола во возило кампер „фолксваген“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдена е марихуана, велат од МВР.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

