Црна хроника
Две лица нападнале полицајци, приведени се
Две лица во изминатите 24 часа, нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Првиот напад се случил синоќа околу 19.45 часот.
„На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во селото Псача, општина Ранковце, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка го лишиле од слобода Ш.Н.(31) од селото Мојанци, општина Арачиново, затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, велат од МВР.
Неколку часа подоцна, односно во 2.30 часот по полноќ, приведен бил и кавадарчанец.
„На улицата Шишка во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ѓ.Ј.(22) од Кавадарци затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, објави МВР.
По целосно документирање на случајот против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

