Црна хроника
Две лица седеле на маса и пиеле алкохол среде улица, кога им кажале да се тргнат извадиле нож
Две лица седнати на маса среде улица консумираат алкохол. На ваква глетка наишол вчера 39-годишен прилепчанец (З.И.) кој во автомобил со својот татко (В.И) патувал од селото Тројкрсти кон Прилеп.
До масата на двајцата запиени мажи бил паркиран нивниот автомобил, па З.И. ги замолил да го тргнат возилото да да можат да поминат, но тие одбиле. Кога таткото предложил да повикаат полиција, лицата физилки го нападнале нанесувајќи му на човекот повреди во пределот на главата.
„Едното лице му го зел телефонот на З.И. а другото лице зело од масата нож и почнало да трча кон него, по што тој почнал да бега. Двете лица повторно го нападнале В.И. удирајќи го насекаде и цело време замавнувале со ножот со цел да го повредат. По кратко време З.И. и В.И. успеале да побегнат кон селото Тројкрсти и настанот го пријавиле во полиција“, соопшти полицијата.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Провала во финансиско друштво во Карпош, одземени пари
Во текот на ноќта со употреба на сила било влезено во финансиско друштво во трговски центар во Карпош, при што биле одземени пари.
Случајот е пријавен во СВР Скопје и се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој нападнал полицаец
Четириесет и едногодишниот С.Г. од Скопје вчера бил приведен на подрачјето на Карпош.
Според информациите од полицијата, тој физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Млад возач излета од патот Битола-Прилеп, тешко е повреден
Синоќа во полицијата било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Прилеп патничко возило „форд ескорт“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б. (25) од Прилеп, излетало од коловозот.
Во сообраќајната незгода, возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничката болница во Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

