Црна хроника
Две лица украле над 130.000 денари од обложувачница – едниот е во притвор, вториот во бегство
Поднесено е обвинение против едно лице поради разбојништво во спортска обложувачница. Од Обвинителството информираат дека обвинетиот делото го сторил во соизвршителство со друго лице, кое до овој момент се наоѓа во бегство.
„Обвинетиот и неговиот соизвршител, по претходен договор, на 9 октомври влегле во објект на спортска обложувачница на улицата Зеничка во Скопје и се заканиле дека ќе нападнат врз животот на една вработена. Притоа обвинетиот со пиштол во раката побарал од оштетената да каже каде се парите и ја турнал до ѕидот, а другиот осомничен се упатил кон работниот пулт и од една од фиоките одзел 133.460 денари“, велат од Обвинителството.
Со оглед на тоа што и натаму постојат околности што упатуваат на опасност од бегство на обвинетиот, како и основан страв дека тој би можел да го повтори делото, да влијае врз сведоците или да ги скрие и уништи трагите од кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.