Црна хроника
Детали за пожарот што избувна во затворот во Битола: 18 притвореници биле евакуирани
Осумнаесет притвореници биле евакуирани за време на пожарот што избувна синоќа во притворското одделение во затворот во Битола.
Службените лица во затворот најпрвин со противпожарни апарати се обиделе самите да го изгасат пожарот, но бидејќи не успеале, веднаш почнале со евакуација на 18 притворени лица кон шеталиштето за притворени и повикале надворешно обезбедување, пожарна и брза помош. Пожарот за кратко време бил локализиран.
Како што објави вчера „Макфакс“, притворениците биле пренесени во други казнено-поправни установи.
„Сите притворени лица, во согласност со наредбите на надлежните судови, биле преместени во други притворски одделенија во КПУ ‘Затвор Скопје’ и во КПУ ‘Затвор Охрид’ со полициска асистенција“, велат од Управата за извршување на санкциите.
Некои од вработените лица биле упатени на превентивни прегледи во Клиничката болница во Битола, при што, за среќа, нема повредени притворени и вработени лица од Установата.
Надлежните истражни органи дополнително ќе ги утврдуваат можните причинители за пожарот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

